Божиќен концерт на Филхармонијата со изведба на композиции од руската класична музика

Македонската филхармонија утре напладне во Македонскиот народен театар ќе изведе Божиќен концерт, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.Оркестарот ќе изведе дел од најубавите композиции на руската класична музика – свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс – фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски.
Филхармонијата најави дека по концертот за Божиќ ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма.
– Кон крајот на јануари е концертот „Танц на судбината“ со Мартина Фиљак на пијано од Хрватска и маестро Емил Табаков како диригент, а ќе биде изведен Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Лист и грандиозната Петта симфонија од Густав Малер, една од најдобрите симфонии воопшто, за која посебно се подготвуваме. Следуваат концертите во февруари, првиот по повод Денот на вљубените кој ни стана традиција, овој пат насловен „Некој ме гледа романтично“ со маестро Кеј Скалионе и сопранот Голда Шулц од САД со пригодна програма, додека вториот е, исто така, мошне возбудлив – „Клецмер фешта“ со виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски и диригентот Дорон Соломон, соопшти Филхармонијата. Оркестарот ќе изведе дел од најубавите композиции на руската класична музика – свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Полове

Пронајдете не на следниве мрежи: