„Божиновски часовници и накит“ ја донесе: Светски познатата дизајнерка на дијамантски накит Сара Хо во Македонија

Дизајнерката на Парис Хилтон, Хелена Кристенсен и Кели Озборн ја посети Македонија и ја претстави својата екслузивна колекција скапоцен дијамантски накит.Она што Марлин Монро одамна им го кажа на девојките ширум светот, светски познатата дизајнерка на дијамантски накит Сара Хо ги потсети Македонките, на настанот наречен „Дијамантите се најдобрите пријатели на жената“.Концептуалниот настан на кој за првпат во Македонија беше претставена луксузната колекцијата на оваа дизајнерка со светска репутација, се одржа во четвртокот вечерта, во ексклузивниот продажен салон “Божиновски часовници и накит” во Скопје.
Повеќекратно наградуваната дизајнерка Сара Хо, ќерка на познатата англиска манекенка Суки Портер, при своето прво присуство во Скопје, ја промовираше својата особено импресивна и неодоливо привлечна колекција модерен, дијамантски накит. 
Низ ексклузивниот настан, присутните ги водеше харизматичниот актер Васил Зафирчев, кој инспириран од блескавите дијамантски парчиња, заедно со партнерката-танчерка Јована Василева, изведе сензуална, камерна изведба на темата „Cаruso“ од Лара Фабијан.Изложбената поставка на гламурозен мозаик од дијамантски накит на Сара Хо, која е дел од поширока европска турнеја на дизајнерката, во наредните дваесет дена ќе биде отворена за широката јавност и ќе може да се погледне во „Божиновски часовници и накит”, на улица „Македонија“ во Скопје. Посетата на Сара Хо на Македонија беше организирана од „Божиновски часовници и накит”, каде единствено може да се купи дијамантски накит со потпис на Хо. Освен како накит, за прв пат во Македонија може да се купат и дијаманти во форма на скапоцени камења кои претставуваат вреден капитал, сертифициран од реномирани светски гемолошки институти.
За Сара Хо:
Внука на еден од најбогатите и највлијателните бизнисмени во Макао – милијардерот Стенли Хо, Сара Хо е родена е во Хонг Конг, но порасната во Макао, од каде потоа заминува во Лондон и ги усовршува своите познавања за дизајн и гемологија. Брендот „Сара Хо“ изобилува со елегантен и женствен шарм, и зазема иновативен, модерен пристап во креирањето дизајни кои го издржуваат тестот на времето. Визијата на Сара Хо е да создава современ дијамантски накит, соодветен за дневни и вечерни прилики, кој ќе биде нослив и ценет како денес така и по многу години. Секоја нејзина колекција има своја приказна инспирирана од важни настани и е изразена во женствен стил низ скапоцени метали и камења, на тој начин создавајќи дизајни кои се високо интригантни и со трајна елеганција. Дел од дизајните раскажуваат раскошни приказни инспирирани од цветните градини во Макао, од семејната традиција, а дел се со минималистичка и елегантна нота, инспирирани од својот личен живот, од настаните во семејството, од семејната традиција.
Ниту светски познатите ѕвезди не остануваат рамнодушни на сјајот на современиот дијамантски накит на Сара Хо кој не познава години, ни трендови. Парис Хилтон, Хелена Кристенсен, Кели Озборн, Пичис, Кели Роуланд, девојките од групата “Гр’лс Алаоуд”, се едни од многуте љубителки кои на себе го носат накитот на оваа дизајнерка.Она што Марлин Монро одамна им го кажа на девојките ширум светот, светски познатата дизајнерка на дијамантски накит Сара Хо ги потсети Македонките,

Пронајдете не на следниве мрежи: