Божиновски: Груевски покажа дека државните интереси можат да бидат над се

Loading...

Политичарите се залагаат дека Македонија е пред сè, но најчесто си ги гледаат своите внатрепартиски интереси. Во овој случај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски направи исклучок од праксата и покажа дека државните интереси можат да бидат над личните и над партиските, смета политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во врска со предлогот на Груевски до Зоран Заев да се откаже од платформата, по што би добил поддршка за малцинска Влада од страна на ВМРО.  
-Мислам дека се работи за добра шанса Македонија да излезе од кризата која полека од политичка започна да преминува во етничка и во криза на идентитет, се разбира доколку СДСМ го прифати предлогот. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски проценија дека состојбата е критична и во прашање е иднината на Македонија. Прифаќањето на платфотмата, барем од она што беше нафрлено бидејќи се чува како најстрога тајна меѓу неколку луѓе, доволно е она што го дознавме како информација од ДУИ за да биде јасно дека унитарноста на Република Македонија е загрозена. Секоја унитарна земја во Европа има еден официјален јазик. Секој има право да го говори мајчиниот јазик, но мора да го познаваме официјалниот јазик на државата бидејќи истиот е неопходен за комуникација. Во спротивно не може да се говори за унитарност, заклучи Божиновски.
  
-Мислам дека се работи за добра шанса Македонија да излезе од кризата која полека од политичка започна да преминува во етничка и во

loading...