Божиновски: СДСМ води црна кампања a ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти

Негативната кампања која што ја води СДСМ уште од 2008 година па навака, може да нанесе одредена штета на партијата кон која што е насочена, а и не мора, но во никој случај не може да привлече нови гласачи за самата партија. Тоа се покажа и на изборите, тоа се покажува и во истражувањата на јавното мислење, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.-Доколку сакаат да ја зголема својата база на гласачи, односно да ги зголемат симпатизерите кои би излегле и би гласале за нив, треба да дадат една понуда, односно да излезат со една позитивна кампања која што би можела да привлече дополнителни гласачи. Се разбира, таа кампања треба да е издржана, не може само да ветувате, без притоа да го образложите тоа, рече Божиновски во изјава за Канал 5.
Последната анкета на институтот „Павел Шатев“ открива дека 40,4 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО ДПМНЕ би победила на изборите, додека на победа на СДСМ сметаат 15,6 отсто.  Владејачката партија има особена предност и во однос на прашањето кој подобро би ја водел економијата – за 58,9 отсто од испитаниците тоа е ВМРО ДПМНЕ, а за 25,3 отсто е опозициската партија. Според истражувањето на „Павел Шатев“, ставот на мнозинството граѓани е дека ВМРО ДПМНЕ повеќе држи до дадениот збор – 62,7 отсто се со ваков став, додека 19,2 отсто имаат вакво мислење за СДСМ.
Божиновски смета дека оваа разлика се одолжи на тоа што владејачката партија во изминатиот период се концентрираше на реализација на проекти, а опозицијата во континуитет водеше црна кампања кои не ги даде посакуваните резултати.
Тој вели и дека искуството на граѓаните од минатото со ветувањата на СДСМ е причина поради има огромна разлика меѓу партии во поглед на довербата.
-Тука видовме дека разликата е огромна, а тоа се должи на оној минат труд, односно која од партиите што ветила и што исполнила и токму заради тоа сметам дека СДСМ ќе продолжи со негативната кампања. Барем за сега ние не видовме некаква платформа со која би им понудиле нешто на избирачите, додава Божиновски.
Според анкетата, 48,5 отсто од граѓаните сметаат дека владејачката партија има подобра програма и подобар политички кадар од опозицијата, 22,1 отсто ценат дека во однос на ова прашање СДСМ е подобар.-Доколку сакаат да ја зголема својата база на гласачи, односно да ги зголемат симпатизерите кои би излегле и би гласале за нив, треба да дадат една

Пронајдете не на следниве мрежи: