Божиновски: СЈО да ги оттргне сите сомнежи дека е инструмент на СДСМ

СЈО како институција е поддржано од најголем број од граѓаните, сите сакаат да знаат дали е тоа точно или не е точно, смета политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.„Проблемот е тоа што не знам колку беше среќен изборот на носителот на таа функција Специјален јавен обвинител, затоа што има сериозни индиции коишто, за жал, обвинителката не успеа да ги оттргне од себе во изминатиот период, за некаква координација со одредени опозициски политички субјекти“, изјави Божиновски.
Божиновски не тврди дали е тоа точно или не, но смета дека обвинителката треба да се оттргне од тоа поврзување.
„Не успеа сега за сега. А сепак, таа е лицето, како што е лидерот на партијата лицето на политичката партија, така и Катица Јанева е лицето на СЈО. Мора да се потруди многу повеќе да ги оттргне сите оние индиции дека на некој начин, наместо да биде Специјален јавен обвинител којшто нема да ја засегаат политичките интриги и прашања, таа да биде главен инструмент или механизам во кампањата на СДСМ“, вели Божиновски.„Проблемот е тоа што не знам колку беше среќен изборот на носителот на таа функција Специјален јавен обвинител, затоа што има сериозни индици

Пронајдете не на следниве мрежи: