Брачен пар од Австралија го посети местото на несреќата каде што загина нивната ќерка

Австралиски брачен пар, чија ќерка единица загина во авионската несреќа во која беше соборен малезискиот авион во источна Украина дојде на местото каде што се случи несреќата.Австралиски брачен пар, чија ќерка единица загина во авионската несреќа во која беше соборен малезискиот авион во источна Украина дојде на местото каде што се случи несреќата.
Џерзи Дизвински и Ангела Рудхарт Дизвински се првите кои го посетија местото на несреќата и покрај предупредувањата на нивната матична земја Австралија. Нивната ќерка Фатима (25) беше меѓу 298-те жртви кои загинаа на 17 јули во авионската несреќа во „Мелезијан ерлајнс“ кој леташе на линијата Амстердам – Куала Лумпур.
Фатима, која студирала и сакала да стане пилот, патувала за Австралија да ги посети родителите.
Брачниот пар пред да дојде во Украина бил во Холандија да даде ДНК примерок со цел да се идентификуваат жртвите.
Последните 227 леша стигнаа денеска во Холандија заради идентификација. Недостасува 71 тело.Австралиски брачен пар, чија ќерка единица загина во авионската несреќа во која беше соборен малезискиот авион во источна Украина дојде на местото

Пронајдете не на следниве мрежи: