Браќа Манаки: „Ослободување на Скопје“

На втората прес конференција посветена на 37-то издание на Интернационалниот Филмски Фестивал на Браќа Манаки, што годинава се одржува од 10 – 17 септември во Битола, одржана денеска во клуб ресторанот МКЦ, говореа Благоја Куновски Доре – директор на фестивалот, Роберт Насков – продуцент, Мими Ѓоргоска Илиевска – директор на Агенцијата за филм на Република Македонија и Гена Теодосиевска – уметнички директор на фестивалот.Теодосиевска го објави новиот слоган на фестивалот Movie On – Feel the light, Feel Bitola  (Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола) и ја потенцираше посветеноста на тимот овој фестивал да го направат што поблизок до Битолчани.
Овој пат акцентот беше ставен на филмот на отворањето на овој реномиран филмски фестивал “Ослободување на Скопје” за кој говореше продуцентот Роберт Насков. Беше најавено дека на отворањето на фестивалот во Битола поголем дел од филмската екипа на “Ослободување на Скопје” ќе се поклони на сцената во Центарот за култура во Битола, на чело со режисерскиот тандем синот и таткото Данило и Раде Шербеџија. Како што објасни продуценот Насков овој нов македонски филм е копродукција со Хрватскиот аудио визуелен центар, Филмскиот фонд на Финска и финската национална телевизија YLE, а е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции “Еуроимаж”. Директор на фотографија на овој филм е Дејан Димески, автор на музика Влатко Стефановски, монтажер Николас Гастер, дизајн на продукција Иван Бартлинг, костимографија Жељка Франуловиќ, а кастингот е на Киријана Николовска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола. Во главните улоги настапуваат првпат на филм, 11 годишниот Давид Тодосовски и веќе потврдените и искусни актерски имиња на Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Мико Ноусаинен, Петар Мирчевски, Јани Вирман, Денис Абдула, Аксел Мехмед, Дејан Лилиќ и други. Овој филм е снимен според познатиот текст на Душан Јовановиќ, а сценариото е на Душан Јовановиќ и Раде Шербеџија. Специјално за овој прес беше промовиран и филмскиот трејлер на “Ослободување на Скопје”.
Со нескриено  задоволство за вториот лауреат за наградата за животно дело “Златна камера 300” австралискиот водечки и светски кинематографер Џон Сил, инспиративно говореше директорот на фестивалот “Браќа Манаки”, филмскиот критичар Благоја Куновски Доре. Џон Сил е визуелен творец на исклучителната филмска сензација “Лудиот Макс: Патот на бесот”, добитник е на Оскар за психоморалната воена драма “Англискиот пациент”. Овој филм годинава одбележува 20 години од освоениот Оскар за кинемaтографија. Би ги споменале и големите филмски хитови за кои доби номинација за Оскар: “Сведок”, “Студената планина”, “Дождливиот човек” и за најновиот, хитот “Лудиот Макс…….
Директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска ја потенцираше традиционално успешната соработка со фестивалот “Браќа Mанаки” и воедно се осврна на континуитетот во последните пет години фестивалот да биде  отворен со македонски филм. Таа говореше и за поддршката на Агенцијата во организација и промоција на другите филмски настани, покрај богатата фестивалска програма. Таа со гордост ги информираше новинарите дека на последната сесија на претставниците на “Еуроимаж” одржана во Амстердам при посетата на филмскиот музеј EYE, каде што на 3 јуни на церемонијата на отворањето на ретроспективната изложба посветена на водечкиот светски кинематографер Роби Милер му беше врачена наградата “Златна камера 300” за животно дело, во биографијата на Роби Милер, веќе била додадена и наградата “Златна камера 300” за 2016 година од фестивалот Браќа Манаки.
Гена Теодосиевска нагласи дека за двајцата лауреaти ќе се одржат два мастер клас сесии и ги покани новинарите и филмските критичари неизоставно да бидат дел од овие важни фестивалски програми. Од нејзина страна беше видно разочарувањето за неприсуството на новинари од Битола и покрај заложбите на фестивалот да им се обезбеди превоз до Скопје и назад.  
Третата прес конференција беше најавена за крајот на август во Битола.   Од страна на организаторите ќе биде организиран превоз до Битола. За сето ова  новинарите благовремено ќе бидат известени.Теодосиевска го објави новиот слоган на фестивалот Movie On – Feel the light, Feel Bitola  (Почувствувај ја светлината, почувс

Пронајдете не на следниве мрежи: