Бранко Црвенковски ја игра главната улога на тажниот трилер на политичката сцена

Случувањата во политиката во Македонија, од ден на ден стануваат се по „драматични“. Додека владеачката партија ги претставува своите кандидати за градоначалници, опозициската СДСМ, се бори со својот лидер Бранко Црвенковски дали да го прекинат отпорот и да излезат на избори или да продолжат да ризикуваат и да ја однесат партијата во минатотот.
Според колумната на Ацо Карбанов, во која ја објаснува ситуацијата на двете страни преку асоцијацијата герила или текила, пишува дека Бранко Црвенковски ја игра главната улога на овој тажен трилер што се случува во моментов на политичката сцена во Македонија.
„Да бидам искрен слушајки го Ефтов како течеле подготовките на Стевче со печат на Драгиша да смести предавство чув дека една од главните улоги во овој тажен трилер имал и БЦ.  Поштукнав кога слушав како Драгиша во некоја скопска фирма правел листа за Стевче, а овој пак се криел и не му одговарал на смс пораките на БЦ. И како што е редот работата тргнал да ја расчистува габаритниот Минчев, го уловил Драгиша го довлекол во неговата кафеана каде замислете чекал БЦ и преку мобилката на српскиот радикал конечно се слушнале Бранко и Стевче. Што си рекле ич не ми е ни гајле ото се засрамив од тоа што го слушав. Знам дека во политиката има валкани работи ама не и бркотници по кафеани. Но и тоа не е се. Стевчо тргна на избори со печатот на Драгиша, а СДСМ најави одиме во ГЕРИЛА. И наместо од сред Куманово да се договори почеток на герилата мислев не со печатот на Драгиша ете ти го Заев со нова понуда за учество. Значи БЦ одлуката за Герила која верувам дека ја посакуваш нема баш целосна подршка во твоето најтесно окружување“, пишува Карабанов.
Тој во својата колумна му порачува на Бранко Црвенковски дека неговото време сепак истече и дека е многу попаметно да се отстапи местото на неговите сопартици, доколку сакаат да го срушат режимот на Никола Груевски и неговата партија.
„Правдата велат забава ама незаборава. Така ќе биде многу брзо со Грујо и фамилијата, но твоето време БЦ истече. Отстапи од првите борбени редови да пробаме дали ОТПОРОТ може посилно да дише без тебе иако тоа е на линијата на твоите непријатели што бивши сопартијци што од ривалската ВМРО ДПМНЕ. Знам дека Андов те пизми уште од времето кога ги откачивте од коалицијата но ете стариот лисец те начека.Чинам дека операцијата соборување на, се согласувам, забеганава власт ќе биде полесна колку и да си жртва на црната пропаганда која даде ефект. Но и таа ти ја сместија и осмислија твои пулени сега фаланга на Грујо. Тие многу скоро и него ќе го чинат глава. Не се фрустрирај ни од Бучко, Минчо, Бузле, Штеки или такви слични типчиња,тие се шкопани од Грујо и игранката, пардон, партијата прогнозирам ќе им помине како онаа на Селмани што му ја направи Грујо, истиот оној на кои му служат некогашните главни фаци на твојот двор. Игранката мора да ја пресечеш ти, колку и да си чекач, колку и да ми е јасен мотивот на Андов кој ујдисан со Стевчо грми и те повикува да си одиш, мислам дека ЧЕКОРОТ мора да го направиш. ОТПОРОТ ќе продолжи ти биди во него секако но не на чело на колоната. Што мислиш, не требе ли да се проба така. Инаку наместо ГЕРИЛА уште долго ќе гледаме како Груевистите си пијат ТЕКИЛА“, додава Ацо Карбанов.
 Случувањата во политиката во Македонија, од ден на ден стануваат се по „драматични“. Додека владеачката партија ги претставува своите к

Пронајдете не на следниве мрежи: