Братот на славната пејачка Мараја Кери вели дека својата сестра ја нема видено трезна и стравува дека алкохолот ќе ја убие.Морган, кој не разговарал со својата сестра две години, вели дека не е сигурен дека Мараја може да се грижи за своите две деца, бидејќи таа се обидува своите проблеми „да ги удави“ во вино.
Морган вели дека проблемот со пиењето кај Мараја се појавил во 2001 година, кога таа имала проблеми со менталното здравје. од тогаш не престанала да пие.
– Пиеше алкохол и кога беше бремена, и кога близнаците беа бебиња. Не можам да кажам дека овие години сум ја видел трезна, и тоа е застрашувачко – вели Морган за „National Enquirer“.
Тој вели дека Мараја секојдневно зема коктел од три вида на лекови, и стравува дека таа ќе умре како Витни Хјустон.
– Мараја нема систем, таа не е психички подготвена – вели Морган. Според него, Мараја ги избркала од себе сите луѓе на кои можела да им верува. Тој, ако нешто и се случи, ќе ги обвини луѓето кои се сега во нејзиниот тим.
– Ако мојата сестра умре, јас нема да го свртам погледот. Секој кој и ја полни чашата и го става животот во опасност!
Морган нема убави зборови и за екс сопругот на Мараја, Ник Кенон. Вели дека нему никогаш не му била важна Мараја туку само нејзините пари.Морган, кој не разговарал со својата сестра две години, вели дека не е сигурен дека Мараја може да се грижи за своите две деца, бидејќи таа се обид



