После победата во последната епизода од ТЛЗП, Елена пристигна во Домот за деца без родители „11 Октомври“ за да својата освоена награда ја донира таму каде таа недостига.Елена пред да се омажи живеела во близината на Домот и како што вели си играла со децата секогаш, не правела воопшто разлика меѓу нив. Често ги посетува и ден денес. Како што пренесува Сител, влегувањето кај дечињата беше момент преполн со емоции. Од една страна насмевки од друга страна тага во очињата на децата.
Големите научиле да се носат со недостигот од родителска грижа но малите се уште бараат некој на кого ќе се потпрат. Па најмалиот кој има само три години, се залепи за Елена уште од самиот почеток. Воспитувачките велат дека тоа го прави постојано, бара некого, бара љубов.
А Елена со својата насмевка и позитивна енергија успеа да им донесе малку среќа повеќе со своето присуство отколку со 1000 евра. Парите ќе се потрошат, ова е многу малку вели нашата Џеј Ло но она што останува е подадената рака, љубовта.
Заеднички одиграа и отпеаја неколку песни од Елена, се потсетија на нејзините настапи во ТЛЗП. А она што заклучивме е дека среќата на овие лица е поголема од победите од освоените награди. Нивната насмевка е поголема од секој лош ден од секој лош коментар за Елена. Затоа тоа што го имате на сцена е само шоу, а овде е вистинскиот живот… Ова е живот на децата кој Елена се обиде да им го олесни и успеа барем на неколку часа.
А како и поминуваат часовите на Елена кога е во Белград?
– Тоа е постојано трчање на проби тонски, танцувачки, од тоа постојанао трчање немам време ни да јадам. Што пак резултираше со моето слабеење за кое ме искараа од продукцијата со зборовите: Кај најде сега да ослабнеш кога ни треба задникот за тверкање на Џенифер Лопез.
Елена пред да се омажи живеела во близината на Домот и како што вели си играла со децата секогаш, не правела воопшто разлика меѓу нив. Често ги пос



