Бразил преку пенали го победи Чиле

Фудбалската репрезентаија на Бразил се пласираше во четвртфиналето од Цветското првенство, откако во Бело Хоризонте по пеналите го совлада Чиле со 3:2. По регуралниот тек и продолженијата резултатот беше 1:1.Натпреварот беше одигран на стадионот Минеиро во Бело Хорилонте пред околу 58.000 гледачи, а судија беше Англичанецот Хауард Веб.
Домаќинот на Мундијалот се пласираше помеѓу најдобрите осум, но и Чиле со својата храбра игра и упорност покажа дека и нему му е место во тоа друштво.
Бразилските навивачи можат да го слават голманот Жуло Сезар кој одбрани два пенала, Нејмар, стрелецот на третиот пенал, но и стативата која ја погоди последниот изведувач за Чиле, Гонзало Хара.
За време на натпреварот „Караоките“ ја поседуваа топката, иницијативата, па и неколку сериозни шанси кои не ги искористија пред се Фред и Хулк.
Меѓутоа, за тоа најзаслужен беше фантастичниот голман Клаудио Браво кој својот квалитет неодамна го потврди со договор за Барселона.
Сепак, Чиле беше тој кој во 120-та минута можеше да триумфира за влез во четвртфинале, но Маурисо Пиниља само ја затресе пречката на голот на Сезар.
Домаќинот водеше и од самиот почеток со изведување на пеналот, а потоа Чиле успеа да се врати раезултатцки во игра, но домаќинот сепак на крај успеа да се „извлече“ помеѓу осумте најдобри, па славењето во Бело Хоризонто можеше да почне.
Сепак, доколку мислат да конкурираат за титулата, Бразилците мораат значајно да го подигнат нивото на ира, бидеќи во продолжение од турнирот ги очекуваат уште посилни и сериозни ривали.
Противник во четвртфиналето на Бразилците ќе им биде Колоумбија.
 Натпреварот беше одигран на стадионот Минеиро во Бело Хорилонте пред околу 58.000 гледачи, а судија беше Англичанецот Хауард Веб.
Домаќинот

Пронајдете не на следниве мрежи: