Бред Пит ја признал најголемата љубовна грешка

Откако започна снимањето на филмот “Mr. & Mrs. Smith”, медиумите започнаа да шпекулираат за односот на официјално најубавиот актер и најубавата актерка на светот.Американските медиуми пишуваа дека Бред Пит и Анџелина Џоли се зближиле многу повеќе со тоа што актерот тогаш бил во (не)среќен брак со Џенифер Анистон.  
Излезе дека биле во право – Бред и Џенифер се разведоа во 2005 година, а актерот набрзо потоа почна да се појавува во јавноста со Анџелина и зборувал како тие се заљубиле во текот на снимањето.
Во септември минатата година, Бред Пит и Анџелина Џоли изјавија дека се разведуваат, а очите на јавноста беа свртени не само кон нивните шест деца, туку и кон поранешната сопруга на Бред – Џенифер Анистон.
Актерот, како што беше објавено, ѝ се извинил поради болката што ѝ ја нанел, но приказната не завршува тука.
Како што пишува списанието “In Touch”, Бред побарал помош од експерти за да научи како адекватно да управува со своите емоции и да воспостави вистински контакт со себеси. Тоа наводно му помогнало да донесе некои важни заклучоци за својот живот.
“Тој сфати дека тоа што ја остави Џен поради Анџелина е една од најголемите грешки во неговиот живот”, изјавил избор близок до актерот.
Иако тој не е заљубен во Џен, сфатил колку ја сака. Бред упорно им вели на своите пријатели дека сега сè му е многу појасно. Секако, оваа информација стигнува предоцна: Џенифер веќе две години е во среќен брак со својот колега Џастин Теру.
Но, Бред никогаш не би помислил да го уништи бракот на своите поранешни партнерки, но би ја искористил втората шанса доколку истата би му била пружена, вели изворот.
 Американските медиуми пишуваа дека Бред Пит и Анџелина Џоли се зближиле многу повеќе со тоа што актерот тогаш бил во (не)среќен брак со Џенифер Ани

Пронајдете не на следниве мрежи: