Бред знае како да ја израдува Џоли

“Дијамантите се најдобрите пријатели на девојките“, убаво си запамтил Бред, тој знае како да ја израдува својата љубена. Тој на својата сопруга Анџелина Џоли и купи дијамантски накит во вредност од 200.000 евра. Бред во продавницата „Emperor Watch And Jewellry“, и покажа на Анџелина колку и е благодарен за се. Од продавницата во Хонг Конг ни открија со што се подновиле: купиле еден саат марка „Parmigiani“, швајцарска марка позната по високиот квалитет, ланче од осумнаесет каратно злато со дијамантски приврзок. Анџелина доби и посебна сребрена нараквица која носи среќа и сигурност.
Бред и Анџелина се најдобро платениот холивудски пар. Оваа година заработија дури 50 милиони долари, што е околу 40 милиони евра. Парот често си подаруваат скапоцени поклони во чест на нивната љубов. Бред и има купено јахта од 6 милиони евра, авион со кој таа сама знае да управува, бидејќи поседува пилотска дозвола, саат специјално дизајниран за неа за милион долари, веренички прстен од 2 милиони евра. И таа не го заборава својот драг, па знае да го изненади со убав поклон, таа му има купено хеликоптер од 800 илјади евра и му платила часови по летање, прстен вреден 400 илјади евра на кој ги украсила имињата на нивните деца и детали кои ја симболизираат љубовта.Тој на својата сопруга Анџелина Џоли и купи дијамантски накит во вредност од 200.000 евра. Бред во продавницата &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: