Кога се случи несреќата во која познатата пејачка го скрши двете раце, на нејзе не ѝ било до смеење. Но, денес, Лепа Брена на сето тоа гледа со насмевка на лицето.„Кога станува збор за тоа кој е газда во нашиот дом, Боба ја има поцврстата рака, а јас посилната. Така и ги скршив двете раце, бидејќи често тропав со дланките по маса“, се шегува Брена.
Нејзина најголема поддршка додека се наоѓала во болница, бил сопругот Боба Живојиновиќ, поранешен тенисер кого го следел имиџ на заводник.
„Оние жени кои не го пробале, навистина многу загубиле. Оние кои биле со него, добиле многу. Верував дека и после сите жени со коишто беше Боба, дека и за мене остана нешто. Кога се запознавме, сите ми велеа дека тој е заводник и дека бил со многу жени, но мене тоа ми беше предизвик. Сметам дека жената треба да биде со маж кој имал и сакал многу жени. Знаев дека Боба може да ме научи на многу работи, бидејќи немав време за многу мажи во мојот живот“, открила Брена.
Нивната љубов сѐ уште трае и нивниот брак е еден од најстабилните на естрадата.
„Боба во бракот е голем дипломат и многу е нежен, додека јас сум тврдоглава“, вели Брена.
Пејачката додала дека уште од самиот почеток знаела дека Боба е вистинскиот маж за неа.
„Првиот пат кога се допревме, беше како струен удар. Како да ме удри гром. После го совладав тоа струјно коло кое и сега дава 220 волти и се надевам дека вечно ќе биде така“, рекла пејачката која е во брак со Боба веќе 24 години и ги имаат синовите Стефан и Виктор.„Кога станува збор за тоа кој е газда во нашиот дом, Боба ја има поцврстата рака, а јас посилната. Така и ги скршив двете раце, бидејќи често



