Брена се изнаплака како никогаш до сега!

Поминаа пет дена откако ги скрши двете раце и четири дена по операцијата на најголемата музичка ѕвезда на Балканот, Лепа Брена излезе од специјалната болница во Ловран.Лепа Брена е пуштена на домашно лекување, но нема да се врати во Белград туку останува во Хрватска поради скорешните контроли, а ќе се опоравува во друштво на семејството, најблиските пријатели и соработниците.
– Не знам колку точно време помина, бидејќи од моментот кога ми ставија гипс секој ден ми е идентичен. Ноќеска за првпат спиев како што треба и што е најважно научив да спијам на грб. Мислам дека овие неколку дена плачев како никогаш досега во мојот живот и сфатив колку е корисно да исплачете, вели Брена по излегувањето од болница.
Докторот Хрвоје Мрковиќ, кој ја оперирал, изјави дека пациентот се чувствува добро и дека лекарскиот тим одлучил да ја пушти на домашно лекување.

Нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ, не се одвојува од сопругата и вели дека Брена се чувствува добро и повеќе не чувствува болка.
– Болките сега се минато, па сега следи период од неколку неделно опоравување, па рехабилитација. Кога ќе излезе, ќе одлучиме каде ќе одиме за целосно да оздрави. Некој мора постојано да биде крај неа, бидејќи таа не може да ги користи рацете. Мислам дека најдобро е да се вратиме дома во Белград, изјавил тој.Лепа Брена е пуштена на домашно лекување, но нема да се врати во Белград туку останува во Хрватска поради скорешните контроли, а ќе се опоравува во

Пронајдете не на следниве мрежи: