Брена се отвори за медиумите и конечно прозборе за своето болно искуство!

Пет дена откако ги скрши двете раце и четири дена по операцијата, Лепа Брена конечно излезе од специјалната болница во Ловран. Таа е пуштена на домашна нега, но нема да се врати во Белград. Таа ќе биде во Ресорт Нови, во Нов Винодолски, за да биде блиску до болницата поради вршење на контроли, но и да се опорави во друштво на семејството и најблиските пријатели и соработници.Во изјавата за јавноста, Лепа Брена порача:
– Не знам ни сама колку време поминало, бидејќи од моментот кога ми го ставија гипсот буквално секој ден ми е ист. Синоќа за првпат спиев како што треба и што е најважно: научив да спијам на грб, што инаку не го правам толку често. Сите ме прашуваат дали имам болки. Немам. Лекарите ми ги препишаа сите можни лекарства и сега пред мене се наоѓаат три задачи: да се одморам, да одам на физикална терапија и да бидам дисциплинирана. Лекарите ме пуштија дома за да имам психички мир. Го имав и досега во болницата, а ќе го имам и во наредните денови во Нов Винодолски, каде што ќе отседнам во апартман со своето семејство. Ја искористувам оваа прилика од срце да им се заблагодарам на персоналот и лекарите од болницата во Ловран, како и на сите кои ми испраќаа пораки со топли зборови. Мислам дека овие неколку дена се изнаплакав како никогаш во мојот живот и дефинитивно се ослободив од секоја болка. Признавам, сфатив дека е корисно кога човек ќе се исплаче. Последен пат се чувствував вака кога си ја скршив ногата во 1991 година, додека син ми Стефан беше бебе и се сеќавам на пеколот низ кој Боба, јас и моите родители имаме поминато во тоа време“.

Пејачката додаде дека во вакви моменти се гледа кој точно му е вистински пријател на некого и дека е оптимистична по повод нејзиното опоравување.
„Јас сум оптимист по природа и животот тече понатаму. Моментално ми е приоритет да закрепнам. И навистина им благодарам на сите кои се грижат за мојата здравствена состојба, но и на медиумите кои ја почитуваат мојата приватност“, рече пејачката.
А што се однесува на тоа како си го поминува времето, таа низ смеа кажа дека нејзините деца и инсталирале игри на Ајпадот и дека ги искористува слободните минути да одигра некоја игра и да се кара доколку изгуби. Како и да е, пејачката додаде дека е благодарна што што луѓето секојдневно ја опкружуваат и не ја оставаат сама да се бори со состојбата во која се наоѓа.
Ние и посакуваме што побрзо да оздрави.Во изјавата за јавноста, Лепа Брена порача:
– Не знам ни сама колку време поминало, бидејќи од моментот кога ми го ставија гипсот буквално

Пронајдете не на следниве мрежи: