Брендот Volkswagen патнички возила испорача 923 100 возила во првите два месеци од 2014 година со што оствари раст од 3,3%

Брендот Volkswagen патнички возила испорача 923 100 возила во првите два месеци од 2014 година со што оствари раст од 3,3%
 Брендот Volkswagen патнички возила им испорача 923 100 возила на клиентите во првите два месеци од оваа година и забележа раст од 3.3% во споредба со истиот период минатата година. Од јануари до февруари 2013 година беа испорачани 893 300 возила. Volkswagen, исто така ги зголеми испораките во месец февруари и со 407 600 испораки забележа раст од 1,5%. Во февруари 2013 година беа испорачани 401 400 возила.  “Иако состојбата на некои пазари беше на моменти тешка, брендот Volkswagen патнички возила продолжи да расте и во првите два месеци од 2014 година”, – изјави Кристијан Клинглер, член на управниот одбор за продажба и маркетинг за групацијата Volkswagen и брендот Volkswagen патнички возила, и додаде: “Изминативе месеци особено беше зголемена побарувачката за моделите: up!, Golf 7 и Golf Variant, како и за возилата Touran и Tiguan”.Брендот Volkswagen патнички возила им испорача 923 100 возила на клиентите во првите два месеци од оваа година и забележа раст од 3.3% во споредба

Пронајдете не на следниве мрежи: