Брендот Volkswagen патнички возила испорача 923 100 возила во првите два месеци од 2014 година со што оствари раст

Брендот Volkswagen патнички возила испорача 923 100 возила во првите два месеци од 2014 година со што оствари раст од 3,3% .Брендот Volkswagen патнички возила им испорача 923 100 возила на клиентите во првите два месеци од оваа година и забележа раст од 3.3% во споредба со истиот период минатата година. Од јануари до февруари 2013 година беа испорачани 893 300 возила. Volkswagen, исто така ги зголеми испораките во месец февруари и со 407 600 испораки забележа раст од 1,5%. Во февруари 2013 година беа испорачани 401 400 возила.  “Иако состојбата на некои пазари беше на моменти тешка, брендот Volkswagen патнички возила продолжи да расте и во првите два месеци од 2014 година”, – изјави Кристијан Клинглер, член на управниот одбор за продажба и маркетинг за групацијата Volkswagen и брендот Volkswagen патнички возила, и додаде: “Изминативе месеци особено беше зголемена побарувачката за моделите: up!, Golf 7 и Golf Variant, како и за возилата Touran и Tiguan”. Брендот Volkswagen патнички возила им испорача 923 100 возила на клиентите во првите два месеци од оваа година и забележа раст од 3.3% во споредба

Пронајдете не на следниве мрежи: