Брендот Volkswagen Комерцијални возила го постави Холивуд на тркала, Crafter, Multivan и Амарок работат на филмот „The Grand Budapest Hotel”

Во моментов во центарот на вниманието е малиот град Горлиц (Görlitz) во Саксонија.  Американскиот визионер и режисер Вес Андерсон познат по филмовите „The Royal Tenenbaums,” „Darjeeling Limited,” „Fantastic Mr. Fox”, „Moonrise Kingdom” го снима својот нов филм „The Grand Budapest Hotel”, со врвни холивудски актери кои престојуваат во Горлиц. Брендот Volkswagen Комерцијални возила се грижи актерите да бидат пренесени, од хотелските соби до местото на снимање, безбедно удобно и без да ги навлажнат нозете. Осум ултра економични Multivan модели со BlueMotion технологија, три Амарок пикап возила и еден Crafter 4MOTION со Achleitner 4 погон на сите тркала помагаат снимањето да тече непречено.”Секој ден, ние сме соочени со нови логистички предизвици и многу сме среќни што на располагање имаме сигурни и навистина еколошки возила благодарение на брендот Volkswagen Комерцијални возила”, изјави Џереми Досон, продуцент на филмот. 
“Crafter 4MOTION е идеален за да мине тешки терени и е идеално товарно возило. Возилата Амарок, исто така, многу се корисни кога треба брзо да транспортираме  материјали од едно место на друго”. – додаде продуцентот.Тимот заштедува пари, поради старт – стоп системот, регенерацијата на акумулаторот, оптимизираните гуми во однос на отпорот на патот и темпоматот. Сите овие технички достигнувања ја намалуваат потрошувачката на гориво за 0,5 литри на 100 километри,  кај сите TDI моторот кои се вградуваат во Multivan. Така ѕвездите се транспортираат на еден еко – пријателски начин.Реткост е Multivan флотата во исто време да се движи со толку големи ѕвезди. Актерската екипа од филмот „The Grand Budapest Hotel”, докажува кој е кој во Холивуд: Ралф Фајнс, Бил Мареј, Џуд Ло, Едвард Нортон, Харви Кајтел, Џеф Голдблум, Вилиам Дефо, Овен Вилсон, Адриен Броди и Тилда Свинтон, се само некои од ѕвездите кои учествуваат во филмот. Филмот „The Grand Budapest Hotel”, ” е продуциран и финансиран од американската продуцентска куќа „Indian Paintbrush“. Причината зошто независниот  режисер  Вес Андерсон го избра најисточниот град во Германија како место за снимањето на филмот се должи на фактот дека многу од старата архитектура е сочувана во Горлиц, по големите уништувања од втората светска војна. Повеќе од 4.000 објекти, заштитени историски споменици, ќе бидат дел од филмот. DEFA снимаше неколку филмови во Горлиц по повторното обединување на Германија. По падот на Берлинскиот ѕид, Холивуд брзо го откри ова место за себе.

 Во моментов во центарот на вниманието е малиот град Горлиц (Görlitz) во Саксонија.  Американскиот визионер и

Пронајдете не на следниве мрежи: