Брифинзи на МИОА за законот за информативни и рекламни кампањи

Во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), денеска се одржа брифинг за предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, со претставници на печатените медиуми заведени во Регистарот на печатени медиуми на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и со претставници на интернет порталите.-Ваквите средби со сите засегнати страни, во организација на МИОА, се одржуваат со цел да се пренесат и доближат предложените законски решенија, но исто така да се слушнат конструктивни забелешки и предлози во насока на унапредување на предложениот закон, соопшти МИОА.
Од Министерството како предлагач на законскиот текст, истакнуваат дека подготвиле законско решение кое воспоставува строги правила за владиноторекламирање, го подига степенот на транспарентност и ја извршува својата функција согласно европските препораки.
Изминатите денови, брифинзи за предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции беа одржани и со претставниците на Македонската медиумска асоцијација, Македонската асоцијација на новинари и Здружението на новинарите на Македонија. Средби се одржаа и со претставниците на телевизиите на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, претставниците на телевизиите на државно  ниво преку сателит и националните радија, како и со претставниците на регионалните и локални телевизии и радија.-Ваквите средби со сите засегнати страни, во организација на МИОА, се одржуваат со цел да се пренесат и доближат предложените законски решенија, но

Пронајдете не на следниве мрежи: