„Брима Галуп“: Груевски ужива поддршка од 30,8 отсто Македонци, на Заев му веруваат само 12,1

Доколку гласањето е задолжително со закон, поголем дел од гласачите во земјата би гласале за ВМРО-ДПМНЕ – 27,1 процент. За СДСМ се изјасниле 15,8 проценти, покажа новата анкета спроведена од Брима Галуп, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт.Двојно поголема е довербата на граѓаните на Македонија во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од довербата која ја ужива лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 
20,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека најмногу му веруваат на Никола Груевски, а само 10,2 имаат доверба во Зоран Заев.
Кај македонските испитаници таа разлика е уште поголема. 30,8 отсто му веруваат на Груевски, а само 12,1 отсто му веруваат на Заев.

Гласачите во земјава веруваат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ најмногу се грижи за нивните барања и лични потреби. 26, 9 проценти од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а само 16 отсто дека тоа е СДСМ.Двојно поголема е довербата на граѓаните на Македонија во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од довербата која ја ужива лидерот на СДСМ,

Пронајдете не на следниве мрежи: