Британска манекенка киднапирана во Милано и ставена на аукција на интернет

Британска манекенка била ставена на аукција на Интернет, со почетна цена од 353 илјади долари, откако била киднапирана, кога отишла на лажна фотосесија во Милано, Италија.Дваесетгодишната Британка била киднапирана на 11 јули, од Полјакот Лукаш Херба (20), кој се претставил како фотограф, според италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Девојката загубила свест кога Херба и инјектирал кетамин, кој претставува силен анестетик, по што ја ставил во куфер и со автомобил ја префрлил во друг стан во Милано, а потоа ја однел во Торино. Се претпоставува дека Херба имал соучесник.
Таму останала шест дена, и била понудена на аукција на „дарк веб“, дел од Интернет што не е достапен за секој. Киднаперите барале 353 илјади долари, исплатени во дигиталната валута биткоин.
Тие набргу почнале да бараат откуп од 300 илјади долари и од агенцијата за која работела манекенката. Но, кога разбрале дека девојката е мајка на двегодишно дете се обиделе да ја пуштат на слобода, бидејќи имаат правило според кое не киднапираат мајки. Киднаперите потоа побарале 60 илјади долари за слободата на девојката, по што агенцијата ја контактирала полицијата, со која Херба договорил размена. Девојката била оставена во британскиот конзулат во Милано на 17 јули, а киднаперот е уапсен.
 Дваесетгодишната Британка била киднапирана на 11 јули, од Полјакот Лукаш Херба (20), кој се претставил како фотограф, според италијанскиот весник &

Пронајдете не на следниве мрежи: