Британски министер наседнал на лажен профил на згодна русокоса и испратил фотографии со експлицитна содржина..

Владата на британскиот премиер Дејвид Камерон ја стресе секс скандал поради кој неговиот министер за цивилно општество Брукс Њумарк (56) поднел оставка. Њумак паднал во замка на репортерот „Sunday Mirror“ кој преку Твитер му се претставувал како млада активистка, со која по кратка расправа за тенис и политика, преминале на размена на сексуално експлицитни фотографии.Наводно, министерот сам ја започнал комуникацијата со репортерот, кој на Твитер отворил профил под лажно име Софи Витамс. Во опис на профилот стоело дека Софи е ПР девојка која работи за Конзервативна странка, дека е русокоса и дека има 20-тина години.
По кратката размена на приватни пораки, Њумарк, инаку татко на 5 деца, на Софи и испратил фотографија од себе, облечен во пижами како и го покажува половиот орган.
– Мораш да се заколнеш на Библијата дека ова никаде нема да го покажеш, јас ветувам дека нема да ги покажам твоите фотографии ок? – напишал во една од приватните пораки.

 

Во другите пораки барал од Софи да се фотографира во разни пози.
Во текот на викендот, мислејќи дека контактира со згодна русокоса, репортерот испратил смс порака споменувајќи можен состанок.
Редакцијата на Sunny Mirror ја известила канцеларијата на премиерот за приказната која планираат да ја објават во недела. Настанала паника и Њумарк, министерот експресно поднел оставка.
Милионерот, родум од Америка, имал проблем со социјалните мрежи и пред две години. Тогаш од значајна функција конзервативен застапник на клубот го смениле поради објава на Твитер на тема телевизиски серии. Наводно, министерот сам ја започнал комуникацијата со репортерот, кој на Твитер отворил профил под лажно име Софи Витамс. Во опис на профилот стоел

Пронајдете не на следниве мрежи: