Брижит Бардо – актерка во стапицата на славните

Таа засекогаш ќе остане запаметена во историјата како една од најатрактивните актерки, модел и секс-симбол на киното од минатиот век. Брижит Бардо се роди во 1934 година во богато семејство. Славата, која животот ѝ ја подарува и која генерации жени сакале да ја имаат, всушност ѝ носи повеќе несреќа отколку прилики за лична сатисфакција. Нејзината кариера започнува како модел.На само 16-годишна возраст, таа се појавува на насловната страница на списанието „Ел“. Тогаш ја забележува и режисерот Роже Вадим.
Бардо има четири бракови зад себе, многу љубовници, меѓу кои и бурни врски со жени, неколку обиди за самоубиство и несакана бременост, по која и не успева да создаде мајчинска врска со својот син Никола.
На 40 години таа завршува со кариерата во филмот, започнува да се занимава со заштита на животните и основа сопствена фондација, која се бори за нивните права.
Секогаш отворена, таа никогаш не ги криела своите мисли и емоции. Споделуваме со вас некои од нив, кои сигурно ќе ве натераат да погледнете со други очи кон славата и богатството.
„Не мислам кога имам секс.“
„Сум била многу среќна, многу богата, многу убава, многу позната, но и многу несреќна.“
„Треба ли да има причина да сакаш?“
„Не верувам дека лифтингот е витален за една жена. Дури и да добиете убаво лице, лузните на срцето и црните дамки во душата остануваат.“
„Светот е мал: на крајот на краиштата, сите се стремат кон креветот.“
„Подобро е да бидеш неверен, отколку да си верен, без да го сакаш.“
„Нема потешка работа од макотрпноста да изгледаш убаво од осум наутро до полноќ.“
„Најубавиот ден во мојот живот? Не знам, беше ноќ.“
„Најдобри се корисните подароци. Да речеме, јас му подарувам марамчиња, а тој на мене – капут.“
„Зарем мислите дека кога навечер лежите сами во кревет, помислата дека ве сака половина свет, може да ве утеши? Половина свет е ништо.“
„Секоја љубов трае толку колку што заслужува.“
„Тажно е да старееш, но убаво е да созреваш.“
„Јас сум девојка од добро семејство и сум добро воспитана. Еден ден ѝ го свртев грбот на оваа земја и станав боем.“
„Можат да ме нарекуваат грешница, но јас сум во хармонија со самата себе.“
„Ако секој маж кој ги гледа моите филмови, не одлучи дека сака да води љубов со мене, јас ќе бидам многу среќна.“
„Подобро стара отколку мртва.“
„Жените стануваат несреќни, кога се обидуваат да бидат слободни.“
„Ако не сте љубители на животните, не сте љубители на луѓето.“
„Им ги дадов убавината и младоста на мажите. Затоа планирам да им ги дадам мудроста и искуството на животните.“
На само 16-годишна возраст, таа се појавува на насловната страница на списанието „Ел“. Тогаш ја забележува и режисерот Роже Вадим.

Пронајдете не на следниве мрежи: