Бројот на жртви од ураганот Метју се искачи на 842

Бројот на загинатите на Хаити при налет на ураганот Метју се изкачи на 842 луѓе, додека десетина илјади лица останаа без домови, а посевите се уништени, соопшти службата за цивилна заштита и локалните претставници.- Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а голем број на луѓе се повредени, додека околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништата, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Хаити.
Ураганот Метју остави хаос зад себе, па покрај загинатите и повредени луѓе, целосно се отсечени патиштата во неколку окрузи.
Хаити често е на удар на природни катастрофи, бидејќи се наоѓа на патеката на ураганите, а во јануари 2010 година земјата беше погодена од силен земјотрес при што поголем дел од Порт о Пренс беше уништен, а загинаа над 250.000 луѓе.- Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а голем број на луѓе се повредени, додека околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништата, соопшти Аге

Пронајдете не на следниве мрежи: