„Бронзената“ Холандија славеше во Бразил

Во вчерачниот натпревар Бразил беше совладан од репрезентацијата на Холандија со резултат 0:3, со што Холанѓаните ја освоија бронзата на Мундијалот.Фудбалската репрезентација на Холандија вчера го совлада домаќинот, Бразил, во натпреварот за трето место од Светското првенство во фудбал.
Холандија на стадионот Nacional de Brasilia, во главниот град, пред околу 70,000 гледачи, го совлада домашниот национален тим со резултат од 3:0.
Два гола Холанѓаните постигнаа во првиот дел од натпреварот.
Првиот погодок го постигна Робин Ван Перси од белата точка во втората минута од натпреварот,а потоа во 17-та минута гол остигна Блинд.
Второто полувреме протече во потполност во знакот на Холандија, а третиот гол го постигна Виналдум на самиот крај од натпреварот.
На овој начин Холандија се пласираше на третото место од Мундијалот кој по многумина е оценет како најдобар до сега.
Вечерва на стадионот во Рио Де Жанеиро  финалниот натпревар ќе го одиграат Германија и Аргентина.Фудбалската репрезентација на Холандија вчера го совлада домаќинот, Бразил, во натпреварот за трето место од Светското првенство во фудбал.

Пронајдете не на следниве мрежи: