БРУТАЛНО: Соседот го избола, задавила, исечкала на парчиња и на крај го сварила

Американката Анџела Столдт (42) од Делтон, беше осудена на доживотна казна затвор откако признала дека со шило за мраз го избола, потоа го задавила, исечкала на парчиња и сварила својот сосед Џејмс Шифер (36).Делови од телото
За време на судењето беше докажано дека Столдт се обидела да ја кремира својата жртва, така што неколку делови од неговото тело, вклучувајќи го стапалото, ногата и двете раце, ги ставила во печка и лонци.
Кога видела дека планот нема да ѝ успее, ги спакувала деловите од телото во ќеси за отпадоци и ги закопала во различни делови од градот. Се претпоставува дека мотивот за убиството е од финансиска природа. Според судскот извештај, таа, заедно со нејзините две деца го собрале соседот од работа и сите се упатиле кеј неа дома. Во еден момент, таа во пијалакот му ставила лекови за болка, што предизвика поспаност кај жртвата. Веднаш потоа, тие се упатиле до локалните гробишта, каде што го нападнала и убила.
Обвинителот Рајан Вил детално раскажа што се случило.
Обид за кремирање
– Таа зема шило за мраз кое го забила во десното око на жртвата. Подоцна, земала кабел со кој го задавила. Кога Шефер престана да се движи, таа повторно земала шило за мраз и го забила директно во неговото лево око. Потоа, ја завиткала неговата глава во ќеса за да не ја извалка внатрешноста од автомобилот – раскажа обвинителот.
По убиството, Столдт го однела телото во својата гаража, каде што со нож и пила го исечкала на парчиња. Веднаш потоа, еден по еден дел од телото го пренесувала во кујната, каде што се обидела да го „кремира“. Кога видела дека тоа нема да ѝ успее, го сменила планот. Иако им кажала на полицајците каде ги закопала деловите на телото, тие никогаш не успеале да ги пронајдат сите.
Главата и телото никогаш не се пронајдени
Форензичарката Мари Херман, посведочи дека главата и телото на Шефер, кој инаку е татко на три деца – никогаш не се пронајдени. Меѓутоа, во лонецот за супа беа пронајдени остатоци од бутната коска, чашката од коленото и мекото ткиво.Делови од телото
За време на судењето беше докажано дека Столдт се обидела да ја кремира својата жртва, така што неколку д

Пронајдете не на следниве мрежи: