Бугарија има јасни калкулации, јасни скриени намери, а тоа е да покаже и докаже дека нема Македонци

Во интервју за Алфа телевизија аналитичарот Ристо Никовски вели дека Бугарија ултимативно и со отворена уцена бидејќи има скриени намери кои сите ние ги знаеме.-Зошто Бугарија ултимативно и со отворена уцена го наметнува тој договор, значи има скриени намери, ние ги знаеме, тоа е игнорирање на македонскиот јазик, што успеаа да го реализираат со декларацијата во 1999 година и сега се обидуваат да одат на многу повисокот ниво. Прво во 1999 година беше потпишана таа наша капитулација, беше таа оркестрирана од тогашниот американски заменик државен секретар. Таа декларација воопшто не се спроведе, посебно клучните работи, сите беа свесни дека беше направена грешка тогаш од наша страна, изјави Никовски.
Никовски кажа дека на Грција не и смета што ние сме Македонци, туку им смета брендот, името Македонија кое сакаат да го променат, додека Бугарија им пречи што сме Македонци, дека ние сме измислена нација, дека македонскиот јазик дефакто е дијалект на бугарскиот јазик.
-Во 1999 година кога е потишана декларацијата тогашната опозиција, која е сега на власт била остро против таа декларација, бидејќи инсистирала и настојувала да не се девалвира македонскиот јазик, сега тоа не е случај, изјави Никовски.
Тој кажа дека не смееме да бидеме наивни, да одиме во Атина да кажеме каков сосед сакате, според неговите зборови се знае тие како сосед сакаат, сосед кој нема да се вика Македонија.
-Со негирањето на Македонија и Македонците, Бугарите дефакто ја присвојуваат целата историјата која што е наша, да се разбереме дел е навистина заедничка. Но има настани кои што не може да се заеднички, има личности кои што работеле за независна и слободна Македонија. Сега се наоѓаме на крајот од тој процес кога мора да се избориме, да кажеме да ние ќе славиме се заедно, само во моментот кога ќе слават Македонци како народ и Бугари како народ, мора да бидеме свеснид дека другата страна има јасни калкулации, јасни скриени намери, а тоа е да покаже и докаже дека нема Македонци, изјави Никовски.-Зошто Бугарија ултимативно и со отворена уцена го наметнува тој договор, значи има скриени намери, ние ги знаеме, тоа е игнорирање на македонскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: