Чарли Шин ГО ПРИФАТИ ПРЕДИЗВИКОТ: Но, наместо со кофа полна со ладна вода тој се полеал со…

Многу богаташи и светски ѕвезди се вклучија во акцијата за собирање пари за АСЛ фондацијата и го прифатија „ледениот предизвик“, па се полеале со ладна вода. Предизвикот го прифати и актерот Чарли Шин и во својата оригинална изведба се „полеал“ со долари!„Чекајте, па тоа не е мраз. Тоа се 10.000 долари кои ќе ги донирам за АСЛ фондацијата, бидејќи мразот ќе се истопи, а овие пари навистина ќе им помогнат на луѓето“, рече Шин.
Тој повторно покажа дека има смисла за хумор, па ги предизвика Џон Краер, Чак Лори и Ештон Качер да го направат истото.
Краер е неговиот поранешен колега од серијата „Два ипол мажи“, Лори е авторот на серијата и негов непријател, а Качер е неговиот наследник во серијата.

Амиотрофичната латерална склероза (АЛС) или болеста Лу-Гериг, припаѓа на групата невролошки болести кои ги зафаќаат горните и долните моторни неврони. Една е од најчестите болести кои се предизвикани од дегенерацијата на моторните неврони.
„Чекајте, па тоа не е мраз. Тоа се 10.000 долари кои ќе ги донирам за АСЛ фондацијата, бидејќи мразот ќе се истопи, а овие пари навистина ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: