„Царски рез? Значи ти всушност не се породи…“ ХРАБРА МАЈКА им возврати на сите со ваков начин на размислување

Текстот на Ли стана хит со 18 илјади споделувања и 20 илјади допаѓања на социјалните мрежи, а многу мајки ги споделија своите искуства со царскиот рез во коментарите.Ние сме луѓе кои често се осмелуваат да даваат коментари без да размислат што навистина значат тие. Мајка на која постојано ѝ велеле дека се породила на полесниот начин, само затоа што морала да помине низ операција со царски рез, одлучи да ги соочи тие лица со реалноста.
Нејзиниот моќен текст со фотографии од лузната, им возврати на сите оние кои ѝ дофрлаат на Реј Ли дека го родила својот син на полесниот начин. Прочитајте го во целост нејзиниот текст:

„Ооо… Царски рез? Значи всушност ти не се породи. Сигурно беше убаво да се извлечеш на полесниот начин.“
Да. Мојот царски рез апсолутно беше прашање на удобност. Беше многу удобно да имам породилни болки 38 часа пред моето бебе да доживее дистрес и потоа секоја контракција буквално да му го запира срцето.
Да ти кажат на почетокот дека има голем напредок и дека нема да има потреба од царски рез… а потоа да ти кажат дека те спремаат за голема абдоминална операција не е воопшто шок. Тоа нема никаква врска со фактот дека јас физички не можев, бидејќи не ми беше даден друг избор за да го спасам животот на моето дете.
И да, супер лесно е да се опоравиш од таа операција. Не, сето тоа е сарказам. Тоа беше најболното нешто што сум го искусила во животот.
Денес му припаѓам на племето храбри мајки со лузна која докажува дека го извадија бебето од мене и дека сум преживеала за да ја раскажам мојата приказна (бидејќи знаете, можете да умрете притоа).
Вадењето на расплакано новороденче од рез кој е долг само 12 сантиметри, но кој е сечен и рашируван и растегнуван додека да ги распара сите слоеви од масти, мускули и органи (кои ги ставаат на масата до твоето тело со цел да продолжат да сечат додека да стигнат до твоето дете) е тотално поразлично искуство од она што си го замислував да го имам при раѓањето на моите синови. Тоа не беше пријатно. Сè уште не е.
Мускулите на трупот ги користиме буквално за сè… дури и за седење. Замислете да не можете да ги користите зашто тие буквално биле исечени и раскинати од доктор и подолго од 6 недели остануваат така, бидејќи твоето тело мора да ги опорави природно…

 
Кога првата сестра ќе побара од тебе да се обидеш да станеш од креветот и кога таа силна болка од тело кое било сечено и повторно сошиено ќе се разгори низ тебе, ја сфаќаш иронијата на тоа кога ти велат дека е „полесниот начин“. Оде*ете и вие и начинот на кој го гледате она што го направив.
Јас сум најсилната жена која ја познавам. Не само за себе, туку и за мојот прекрасен син… и искрено би минувала низ ова секој еден ден само за да го гледам неговото насмеано лице.

Текстот на Ли стана хит со 18 илјади споделувања и 20 илјади допаѓања на социјалните мрежи, а многу мајки ги споделија своите искуства со царскиот рез во коментарите.Ние сме луѓе кои често се осмелуваат да даваат коментари без да размислат што навистина значат тие. Мајка на која постојано ѝ велеле дека се породи

Пронајдете не на следниве мрежи: