Цеца: Го одбив Ѓинѓиќ заедно да го урнеме Милошевиќ!

 Го одбив Ѓинѓиќ заедно да го урнеме Милошевиќ!Популарната српска фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше апсена, лежеше во Централниот затвор, потоа и во домашен притвор. Многумина ја напаѓаа, а таа се бранеше со молчење. Во ексклузивното интервју за српски „Блиц“ фолк-дивата одлучила конечно да проговори.
Поради што за време на акцијата „Сабја“ бевте во притвор?
– Кажете ми вие мене.
Дали поради тоа што во куќата го најдоа оружјето на вашиот сопруг. Па зарем сите не знаеја дека тој беше командант на Српската доброволна гарда?
– Сите го знаеја тоа, но и тоа е одамна завршена приказна. Многу приказни се раскажани. Искрено, не знам ниту што да ви кажам. Не сакам да се присетувам на тој период, таа последна деценија, која навистина ми дојде преку глава. Ретко и коментирам за сето она што ми се случило. Не сум некој што вреви преку медиумите и можеби тоа ми е голема грешка. Да бев погласна и да се бранев од секој напад, можеби подобро ќе поминев во животот и немаше да ми лепат секакви етикети.
Зошто бевте во немилост на претходната власт?
– Не знам. Знам само дека тоа траеше 10 години, од 2003. И мене некои работи ми се потполно нејасни. Ниту можам да дојдам до одговори ниту, пак, се трудам повеќе. Сега сѐ е готово. Сакам да живеам со полно срце сега, кога го симнав тој огромен товар од мојот грб и од моето семејство. Конечно треба да живеам.

 
Аркан и вие бевте пријатели со Ружица и со Зоран Ѓинѓиќ, а по неговата смрт се најдовте во немилост на Демократската партија. Како и зошто?
– Да, бевме пријатели. Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на „Маракана“ првата кошница со цвеќе ја добив од Ружица и од Зоран. И по смртта на Жељко, Зоран и јас бевме во многу добри односи. Тој прв дојде да ми изјави сочувство. Ми рече: „Ајде заедно да тргнеме на Милошевиќ и да го собориме од власта“. Го одбив тоа. Со политика никогаш не сум се занимавала и воопшто не ме интересира. А тогаш се случи таа страшна несреќа. Мислам дека сите многу изгубивме со неговата смрт (на Зоран Ѓинѓиќ).
Некои од нив беа ваши семејни пријатели.
– Доколку познаваш или се дружиш со некого, тоа не значи дека ќе ја направиш истата работа како и твојот пријател. Тоа не значи и дека нема да го осудиш ако не греши. Не можеме да влијаеме на сите луѓе. Некогаш не можеш ниту да претпоставиш што може да направи некој од твоето блиско опкружување. Тоа не значи дека треба јас да ја сносам одговорноста поради туѓите постапки. Сите сме полнолетни и зрели луѓе и самите ја сносиме одговорноста за она што го правиме.
Зошто тогаш ја признавте вината и ја прифативте спогодбата?
– Само поради една причина – преку глава ми беше од малтретирања. Мојот предмет го вадеа и го враќаа во фиока цели девет години, тоа беше психичко излудување и малтретирање и на моето семејство и на мене. Сакав да ставам точка. Никој со државата не ја добил војната, зошто би ја добила јас? Но, сме виделе на други примери дека на некои власта им била мајка, а на некои маќеа. Но, тоа за мене е завршена приказна. Никому ништо не му должам, ставена е точка и јас одам понатаму. Што било,  било. Дали тоа е правда или неправда, сега ми е сеедно.

 
Поради што судот не ги земал предвид извештаите од своите вештаци?- Не знам.
Децата на Аркан одвреме-навреме излегуваат во јавноста со некоја приказна против вас.
– Иако тие се веќе зрели луѓе, јас не сакам од љубов и од почит кон Жељко воопшто да влегувам во некаква полемика. Второ, тоа се браќа и сестри на моите деца.Дали некому му должите пари?- Не сум позајмувала од никого. Многумина мислат дека од мене имаат право да бараат пари бидејќи сум успешна и популарна. За тоа постои само еден збор – рекет.
Кој го нарача убиството на Аркан?
– Кога Жељко беше убиен, прашав еден полицаец кој го уби мојот сопруг, од кого треба да се чувам и дали смеам со децата да излегувам од дома. Тој ми одговори: „Не знам“. Шест месеци моите деца ниту преку прозорецот од куќата не погледнаа! Ниту до ден-денес не знам кој го нарачал убиството на Жељко. Мафијата? Како да не!, заклучува Цеца Ражнатовиќ.
 Популарната српска фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше апсена, лежеше во Централниот затвор, потоа и во домашен притвор. Многумина ја напаѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: