Цеца: Мојот син ја разби главата на бокс!

Вељко тренира ултимат фајт па во текот на спарингувањето му пукнала аркадата. Кога се вратив од концертот во Суботица, го затекнав со фластер на главата, вели Светлана Цеца Ражњатовиќ.Се крена толкава прашина без потреба
Вељко, синот на Цеца вечерта во петокот кон саботата, заврши во Ургентен центар со повреда на главата. Полицијата покрена истрага, бидејќи Вељко ја напуштил болницата пред да го дочека својот ред за преглед. Наводно, медицинската сестра го пријавила случајот во полиција, бидејќи и било сомнително што момчето само се повредило. Меѓутоа, како што дознава српски курир, Вељко се повредил во текот на боксерскиот тренинг бидејќи не носел заштитна кацига. Цеца за српски Курир, потврди дека станува збор за полесна повреда.
– Вељко тренира ММА (mixed martial artѕ) па во текот на спарингувањето му пукнала аркадата. Кога се вратив од концертот во Суботица, го затекнав со фластер на главата, вели Светлана Цеца Ражњатовиќ, и додава дека сега син и се чувствува подобро.

Инаку, фолк ѕвездата за времето кога син и ја добил повредата, одржала спектакуларен настап во Суботица во халата за спорт. Таа воодушевила неколку илјади фанови, кои уживаат во нејзините хитови, а публиката ќе има можност повторно да ја слуша веќе за 2 дена, бидејќи ќе настапува пред Собранието на Србија за новогодишната ноќ.Се крена толкава прашина без потреба
Вељко, синот на Цеца вечерта во петокот кон саботата, заврши во Ургентен центар со повреда на главата.

Пронајдете не на следниве мрежи: