Цеца: „Мразам што моите деца се експонирани во јавноста!“

Цеца Ражњатовиќ има слава и богатство, но сепак признава дека нешто и недостасува. Вели дека жали што не завршила факултет, но и дека и пречи што нејзините деца се експонирани во јавноста.Во весниците се пишува дека вашиот син Вељко работи како обезбедување во клубовите?
– Весниците сешто пишуваат.
Дали тоа значи дека информацијата не е точна, и дека не заработува за џепарлак на тој начин?
– Тоа е толку неважно, што не сакам ниту да коментирам. Моите деца не се јавни личности и не сакам да згорувам за нив. Се што ве интересира, а е поврзано за мене прашајте ме, за нив не сакам да зборувам.

 
Вашата ќерка Анастасија тргна по вашите чекори, па почнува да се занимава со пеење. Се почесто поставува видеа на Фејсбук, Твитер…Дали ја подржувате во тоа?
– Моите деца се експонирани во медиумите само затоа што се мои, и тоа апсолутно не го заслужуваат. Многу ми пречи. Тие како и сите нивни врсници имаат свои профили, па така закачуваат разно разни работи. И децата намоите колеги истото тоа го прават, но не се експонирани како што се моите.
Што би им советувале на младите пејачи кои сега ја почнуваат нивната кариера?
– Јас во светот на шоу-бизнисот влегов кога бев многу мало девојче. Имав 14 години. Напоредно со тоа завршував средно училиште, и мислев дека можам да го остварам и едното и другото. Сите млади пејачи кои ја почнуваат кариерата во тие години, би им советувала да не гооставаат училиштето бидејќи тоа не може да им ја кочи кариерата. Нека завршат факултет и напоредно со тоа нека се занимаваат со музика. Мене ми е жал што не го направив тоа, а на моите родители уште повеќе.
Извор: Ало.рсВо весниците се пишува дека вашиот син Вељко работи како обезбедување во клубовите?

Пронајдете не на следниве мрежи: