Цеце Митева проговори за инцидентот: „Ме кубеше за коса и ме удираше“

Младата манекенка и диџејка Цеце Митева закрепнува од повредите што ги доби минатиот викенд во тепачка во дискотека во Градски парк во Скопје.
Младата манекенка и диџејка Цеце Митева закрепнува од повредите што ги доби минатиот викенд во тепачка во дискотека во Градски парк во Скопје кога заработи осум конци, патерици и модринки на главата, пренесува весникот „Вест“.
– Со уште две другарки седевме на сепаре. Едната замина на друго сепаре да се поздрави со некого. По некое време другата другарка ми рече дека има некоја турканица на сепарето. И, нормално, двете се стрчавме да видиме што се случува…

Не можеш да седиш мирен ако другарка ти е во неволја. Се стрчавме накај нив и на еден од нив му реков: „Како не ти е срам да туркаш девојка“, и тој ме нападна. Прво ме бутна накај шанкот, па со шише замавна кон мене, и шишето се скрши од шанкот. Ми пријде, ме фати за коса и ме турна. Паѓајќи, со боса нога згазнав врз скршеното шише. Стаклото ме исече на стапалото до коска. Додека да дојде обезбедувањето, тој ме кубеше за коса, ме удираше и едвај го тргнаа – раскажува Митева.
Погледнете го видеото од апсењето на напаѓачот на Цеце Митева на следниот ЛИНК

Пронајдете не на следниве мрежи: