Поминаа осум години откако нѐ напушти човекот со ангелски глас и големиот хуманист – Тоше Проески, кој загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа.По многу години, неговата блика пријателка Ања Миронова, одлучи да прозбори за нивното пријателство.
-Многу ме нервира фактот, почнувајќи од фановите, па сѐ до луѓето кои можеби неколку пати седеле со него, а кои го нарекуваат дека му биле пријатели, да зборуваат за весниците дека Тоше беше ангел или вонземско чудо. Дали тие луѓе имаат почит? Апсурдно ми е да слушам и читам такви изјави. Луѓето кои навистина го познаваа, ќе се сложат со мене. Тоше не беше никаков светец, да се разбереме. Тој беше само дечко кој ретко може да се сретне во денешно време, или таквите како него се застапени во мал процент. Тоа денешницата го нема и слободно можам да речам дека ми е срам поради тоа во име на сите луѓе“, рече таа.
Ања призна дека ѝ било најтешко дента по неговата смрт, но дека сите негови пријатели си биле поддршка едни на други.
„Тој беше прекрасна личност. Секогаш можевте да се потпрете на него како на пријател или на брат. Секогаш искрен. Оптимист, секогаш позитивен, но воедно емотивен и силен. Тоше никогаш не можевте да го видите да биде изнервиран или да видите дека се кара со некого. Секогаш беше насмеан, дури и кога не му беше до смеење. Некое време пред смртта, што ретко кој знае, тој проучуваше странски јазици, а најмногу беше импресиониран од италијанскиот. Имаше малку слободно време, кое најмногу го поминуваше во кругот на семејството. Дури и кога беше изморен, знаеше да биде ведар“, рече Ања.
Ања рече дека таа и Тоше се запознале во 2004 година сосема случајно, пренесе „Блиц“.
„Моето семејство го познаваше, бидејќи се занимава со музика и така стапивме во контакт“, додаде Ања.
Сепак, таа признава дека ѝ пречат сите оние лажни пријатели кои по смртта тврделе дека биле блиски со прерано починатиот пејач.По многу години, неговата блика пријателка Ања Миронова, одлучи да прозбори за нивното пријателство.
-Многу ме нервира фактот, почнувајќи о



