Цела естрада на мекици кај Жељко

Loading...

Српскиот пејач и кантавтор Жељко Јоксимовиќ вчеравечер го прослави раѓањето на ќерките близначки Срна и Ана. Неговата сопруга Јована, со која го има и 3-годишниот син Коста, се породи минатата недела.На мекиците се појавија бројни пријатели на музичарот кои прославија заедно со него, а сето тоа го проследија и новинарите.

Цеца пристигна со голема насмевка на лицето и на новинарите им рече дека на Јокимовиќ му порачала да ги чува ќерките од нејзиниот син Вељко.
Кнез дојде во друштво на сопругата. Тој рече: „Жељко ќе мора да се снајде со толку многу жени дома. Ама, ако можев јас, може и тој“.
 

На прославата дојдоа и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, актерот Иван Босиљчиќ ао сопругата Јелена Томашевиќ, кантавторката Александра Ковач, фолк-пејачката Ана Бекута, фудбалерот Предраг Мијатовиќ, но и Жика Јакшиќ, еден од сопствениците на Гранд продукција.

 На мекиците се појавија бројни пријатели на музичарот кои прославија заедно со него, а сето тоа го проследија и новинарите.

loading...