Кога водителката на популарното шоу „Елен Деџенерис“ слушнала за Соња Ромеро, учителка со големо срце, знаела дека мора да ја повика во нејзината емисија.Соња подучува деца во забавиште во Албукерке. Начинот на којшто оваа учителка го започнува денот со малечките ученици е прекрасен.
Прво што ги прашува секое утро е дали и што јаделе, дали им треба облека и дали треба да ги измијат забите или да ја исчешлаат косата.
Иако има биолошки син, Соња посвоила и две деца коишто ги подучувала, а на кои им бил потребен дом.
Гледајќи го прилогот во кој децата и нејзините колеги зборуваат за нејзината работа и неа како личност, Соња заплакала, а солзите не можела да ги задржи ниту водителката која ѝ врачила два чека од по 10.000 долари. Еден гласел на Соња Ромеро, а другиот бил наменет за образовната установа.
Ова не е прв пат Елен на ваков начин да ги поддржува хуманитарните лица, а сигурно не е ни последен.Соња подучува деца во забавиште во Албукерке. Начинот на којшто оваа учителка го започнува денот со малечките ученици е прекрасен.
Прво што



