Целта на сценариото чиј главен инструмент е Заев, е да се смени името на Македонија

Слабеење на државата со цел промена на името е главната цел на операцијата за промена на власта, чиј главен инструмент е лидерот на опозицијата Зоран Заев.Станува збор за една поопширна операција чие сценарио почна со стекнувањето на Заев со илегално снимани и креирани материјали, потоа продолжи со обид за изборен и постизборен инжинеринг, па со игнорирање на волјата на мнозинството Македонци дадена на слободните парламентарни избори.
Следуваше креирање на албанската платформа од Еди Рама чија цел е редефинирање на државата и инсталирање на „тиранска влада“ со клучно соросово влијание, за да на крај се промени името на Македонија.
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ова јасно го кажа во интервјуто на ТВ Сител, посочувајќи дека целта е името, а сценаристот планирал тоа да се одвива низ 4 фази.
-Основната причина на целата операција за рушење на власта и носење на Заев е слабеење на државата со цел промена на името и идентитетот на Македонците. Главната причина за целата оваа операција што ни се случува од некои надворешни центри е промена на името на Република Македонија и на идентитетот на Македонија и тоа е целата цел што се случуваше во изминатите 2-3 години. Ова со двојазичноста е секундарно и се случува сега, а нема да застане тука, од она што сум информиран целата таа операција за промена на името се води во четири фази, истакна Груевски за Сител.
Двојазичноста, според Груевски е секундарната цел, а по неа ќе започнат подготовки и за кантонизација како следна цел. Чекор по чекор.
-Многу им пречи што во изминатите години низ разни форми и активности се подигна националната свест, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
4 фази на операцијата:
1.Создавање криза и дестабилизација,2. Компромитирање на власта преку специјална психолошка војна и компромитирање на институциите,3. Избори и смена на власта, нејзино елиминирање и носење на нова и4. Реализација на целите, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.
Ставот на Заев за името е веќе општо познат- дека треба да се подвитка кичмата.
Исто така, лидерот на опозицијата, своевремено во емисијата Патот кон на Алсат ТВ, велеше дека на СДСМ не му прилегаат патриотски политики.
-Како партија неколку пати се обидовме да играме на политики на патриотизмот. Но тоа на нашата партија не ѝ прилега. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса за во иднина, за да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти, изјави Заев во гостување во Алсат М.Станува збор за една поопширна операција чие сценарио почна со стекнувањето на Заев со илегално снимани и креирани материјали, потоа продолжи со об

Пронајдете не на следниве мрежи: