Талентираниот напаѓач на белградски Партизан, Лазар Марковиќ, потпишал преддоговор со Челзи и по завршувањето на сезоната ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“, објави весникот „Спортски журнал“.Според сознанијата на весникот, раководството на Партизан на овој трансфер работело цела година. Преговорите започнале во оној момент кога менаџер на Марковиќ станал Пини Захави, а Инвестицискиот фонд со кој раководи Израелецот, веќе му исплатил на Партизан сума од околу седум милиони евра.Инаку, Челзи побрзал да ги заврши преговорите, откако српскиот селектор Синиша Михајловиќ, открил дека сопственикот на Интер, Масимо Морати се заинтересирал за услугите на талентираниот фудбалер.Интересот на Италијанците ги натерал челниците на Челзи, во пресрет на новогодишните празници да го повикаат Марковиќ, три дена да мине во Лондон.Во негова чест била организирана свечена вечера, а со новите соиграчи младиот фудбалер го запознал неговиот сонародник и соиграч во репрезентацијата Бранислав Ивановиќ.Весникот, во својот текст, пишува дека сè уште не е јасно дали Марковиќ веднаш ќе добие шанса во Челзи или ќе биде испратен на позајмица во некој друг тим.
МакфаксТалентираниот напаѓач на белградски Партизан, Лазар Марковиќ, потпишал преддоговор со Челзи и по завршувањето на сезоната ќе се пресели на &b