Ченто наместо дивоградбата Тито

01. декември 2013 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го оценува за неприфатливо поставувањето на споменик на Јосип Броз Тито пред истоимената гимназија во Скопје.По дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, заради деидеологизација и деперсонификација на општеството, првото повеќепартиското собрание донесе Закон за престанување на важноста на Законот за ликот и делото на Јосип Броз Тито, донесе одлука за отстранување на сликите на Јосип Броз Тито од Собранието на Македонија како и од сите јавни и државни установи, а со Законот за територијалната организација на локалната самоуправа го врати името на градот Титов Велес во историското Велес.
Јосип Броз Тито не беше мистер на Југославија, туку идеолог на еден систем кој пропадна и замина како трајно минато свршено време.
Јосип Броз Тито беше соучесник во ликвидацијата на првиот претседател на суверена и самостојна држава Македонија, Методија Андонов Ченто и на Македонците кои се бореа за обединувањето и самобитноста на македонскиот народ и неговата државност од 1944 до 1991 година.
СМК очекува надлежните органи да ја отстранат дивоградбата од споменикот на Јосип Броз Тито пред истоимената гимназија во Скопје.
СМК иницира надлежните органи да го сменат името на гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје, во името на првиот претседател на државата Македонија, Методија Андонов Ченто.
СМК смета дека доволни се монографиите и енциклопедиите за Јосип Броз Тито и неговата восочна фигура во Музејот на жртвите од комунизмот, како сведоштво на едно време кое повеќе го нема.
Јосип Броз Тито и Комунистичката Партија на Југославија ниту ја ослободија Македонија во Втората Светска Војна, ниту ги измислија Македонците. Македонците во Втората Светска Војна дадоа 33.000 жртви за ослободувањето и обединувањето на Македонија, а Македонската војска на крајот од Втората Светска Војна броеше 100.000 партизани кои не беа комунисти туку антифашисти!По дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, заради деидеологизација и деперсонификација на општеството, првото повеќ

Пронајдете не на следниве мрежи: