Централното градско подрачје на Скопје оковано во мраз

Централното градско подрачје и понатаму останува оковано во мраз.Отежнато е движењето на сообраќајот по улиците на општина центар, посебно во споредните улички, а најмногу страдаат пешаците, кои мораат да се движат и по коловозот, бидејќи тротоарите во општина Центар се заледени.
Екипата на ТВ Нова денеска беше на терен, а состојбата која ја затекна е алармантна. Тие Сретнаа многу граѓани кои живеат во Општина Центар, кои сами ги чистеа, не само нивното дворно место, туку и целата улица пред нивните куќи, бидејќи надлежните од Општина Центар немаат фрлено ни сол, а камоли пак да ги исчистат улиците, посебно споредните улички, каде мразот е дебел и до 10 сантиметри.
Најкритично е во населбата Дебар Маало, а посебно на првата Боемска Улица, која се уште е окована во мраз. Улицата Дебарца, веднаш до Министерството за Култура не е ништо поразлична, а ситуацијата е иста и со останатите споредни улички во оваа населба. Сретнавме и граѓани кои се оставени сами да ги чистат улиците и во населбата над и спроти Клиничкиот Центар.
Некои од граѓаните велат дека Општина Центар, дури вчера почнала со фрлање на сол по уличките, но само формално, бидејќи фактичката ситуација на терен е загрижувачка.Отежнато е движењето на сообраќајот по улиците на општина центар, посебно во споредните улички, а најмногу страдаат пешаците, кои мораат да се движ

Пронајдете не на следниве мрежи: