Червар: Металург е сиромашен, Вардар богат

Вака почнува текстот објавен од хрватскиот „Јутарњи“ посветен на успехот на македонските тимови во елитното натпреварување, каде најмногу внимание се разбира му е посветено на Лино Червар.Македонија и Германија се сметаат за велесили, барем според бројот на тимовите кои се дел од четвртфиналето. Помеѓу осумте најдобри нашата земја има два претставника, а Германците три, а по еден имаат Шпанија, Унгарија и Франција.
Во четвртфиналето ќе има македонско-германски пресметки, Вардар ќе игра против Флензбург, додека Металург против Кил.
Тренерот на тимот од Автокоманда Лино Червар вели дека неговиот тим е најсиромашниот во Лигата на шампионите, дури и Вардар е побогат.

 
-Многу сум горд на сите. Имаме убедливо најмал буџет во Лигата на шампионите. Колку? Па, еден милиони и триста илјади евра! Кил има десет пати повеќе, а и останатите исто така, вели Червар кој продолжува да ја величи својата екипа:
-Ние сме мал клуб кој по моето доаѓање три пати од квалификациите стигна до ТОП 16 фазата, а веќе два пати сме во осминафиналето. Кај нас се е базирано на ентузијазам бидејќи пари немаме, иако Минчо Јорданов прави се што е во негова моќ. Повеќе од 80 проценти од нашите играчи се од Македонија, странците само се помош. Даваме повеќе од 90 проценти репрезентативци во репрезентациите во сите категории. Работиме со сите, а живееме во мала сиромашна сала. За нас навиваат луѓе од цела Македонија и за само 15 минути ги продаваме сите билети за салата „Борис Трајковски“ која има капацитет од седум илјади места. По Кил ние сме вториот најгледан тим во Лигата на шампионите, вели стратегот на Металург.

 
Лино Червар воедно се осврна и на Вардар, неговата работа, вложувањата и напредокот.
-Тие имаат 90 проценти странци, имаат и женска екипа во полуфиналето во ЛШ. Истиот спонзор е за се, тие се пребогати и рапидно се шират. Градат нова сала, хотел и сите попратни работи. Таа разлика е најголема инспирација за нас и сакаме да бидеме подобри од нив и да го освоиме домашното првенство. Секогаш бев на страната на слабите и уживав победувајќи ги посилните и побогатите од мене, вели Червар.
Извор: КурирМакедонија и Германија се сметаат за велесили, барем според бројот на тимовите кои се дел од четвртфиналето. Помеѓу осумте најдобри нашата земја им

Пронајдете не на следниве мрежи: