Червар: Од играчите барам едно – срце на терен!

Втора сезона по ред Металург е меѓу првите осум во Европа. По повод првиот четвртфинален дуел од елитното клубско натпреварување, каде македонскиот вицешампион игра на домашен терен против германски Кил, екипата на Металург свика прес-конференција.„Мило ми е  што сме во четвртфиналето. Втора година по ред, повторно од квалификациите дојдовме до најдобрите осум во Европа, тоа значи се, во Европа е најсилниот ракомет, ова е голем успех за овој клуб, за луѓето кои го водат овој клуб“ беа првите зборови на стратегот од клупата на Металург, Лино Червар, на денешната прес-конференција.
„Имаме конктинуитет, што е многу важно, се држиме високо, кога ја видовме групата јас кажав дека ќе одиме во четвртфинале, четирите екипи кои се пласираа беа свесни за тоа, нашата група игра против сите други групи и така го добивме Кил“ истакна Червар.
„Кил е премногу силна екипа, три пати првак на Европа, од првата седумка немаат ниту еден германец. Ќе се бориме, ќе дадеме се од себе, со помош на публиката. Тоа е посебна сабота, пред големиот празник. Тоа е нашиот подарок за навивачите за тој празник, за оние кои беа со нас цела година“ дополнува тренерот на македонскиот вицешампион.

 
Во врска со големата заинтересираност на ракометните фанови за овој натпревар, Червар вели дека би ги пуштил сите во арената, но…
„Многу ми е жал што сите не можеа да дојдат до влезница, јас сите би ги пуштил…“ истакна Червар.
„Од играчите барам едно – да остават срце на терен. Силата на Кил е во два сегменти, ги имаат Палмерсон, Јиха… Нив да ги спречиме, тоа е многу од позициската игра. Другиот сегмент е тоа што се премногу опасни, знаат да казнат“ истакнува Червар.
„Тие се апсолутни фаворити, ама ние не сме екипа која ќе се предаде. Не смее да има опуштање, не смее да има грешки. Сигурдсон и Егбер мислам дека ќе играат , тие ќе казнат, знаат да се приклучат и останатите играчи, дури и Јиха кога ќе влезе од клупата, имаат добра транзиција. Мораме да го сопреме и неутрализираме тоа. Мораме уште на почеток да почнеме со агресивна игра, како на натпреварот со Барселона, кога ги сопревме Карабатиќ, Лазаров…“

 
„Втора година по ред во четвртфинале, се надевам дека оваа година ќе имаме повеќе среќа, дека ќе оствариме една домашна победа. Знаеме за каков тим станува збор, доаѓа од најсилната ракометна лига во Европа“ вели ракометарот на Металург, Филип Миркуловски.
„Мораме да дадеме се од себе, да го извлечеме најдоброто од нас. Публиката ќе мора исто да даде се од себе, заедно да створиме една победничка атмосфера и да го победиме Кил.
Кил ќе даде се од себе, ова за нив ќе значи спас за сезоната, ќе сакаат да победат, ние сме тука да ги спречиме, да им го скратиме тоа задоволство“ дополни Миркуловски на денешната прес-конференција.

 
„Ќе го даде клубот на секое поле својот придонес за да влеземе максимално ангажирани во дуелот во Сабота. Би сакал да информирам, апел до сите симпатизери и навивачи на Металург да без купена влезница или билет да не тргнуваат на овој натпревар, без влезница нема да биде никој пуштен во арената“ истакна директорот на екипата од Автокоманда, Левче Китевски“.
„Имаме проблем со Гоце, , ги истегна лигаментите, ситуацијата е добра, се приклучи кон екипата. Мислам дека неговата желба е огромна, ситуацијата се подобрува, тој сака да биед дел од екипата во сабота, мислам дека ќе биде во почетниот состав“ изјави Червар.
Натпреварот со Кил, екипата на Металург го игра во сабота со почеток од 18,30 часот.

 
Германскиот ракометен гигант утре со почеток од 18,30 часот ќе тренира во СЦ „Борис Трајковски“, додека пак во 17,00 часот тренинг ќе има македонскиот вицешампион.
Според информациите, Кил во сабота со почеток од 10 часот ќе тренира во салата „Автокоманда“. Германскиот ракометен гигант ќе биде сместен во хотелот „Александар Палас“.
Извор: Спорт365„Мило ми е  што сме во четвртфиналето. Втора година по ред, повторно од квалификациите дојдовме до најдобрите осум во Европа, тоа значи

Пронајдете не на следниве мрежи: