Честитка од Груевски по повод празникот Св. Климент Охридски

Честитка од име на г-дин Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Св. Климент Охридски.Ваше Блаженство,
Дозволете ми во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од нашата земја, да Ви го честитам 8-ми Декември, големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски и да Ви посакам благословени и среќни празнични денови.
Неговото дело преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеост се постигнува многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Само со труд, смирение и посветеност може да постигнеме добри дела за нашиот народ и нашата држава. Така да бидеме одговорни пред себе и пред Македонија. Да бидеме одговорни пред историјата и пред иднината. Тој е пат на меѓусебно почитување и постојана работа. Почитувајќи ги овие принципи може да одиме напред, да создадеме многу повеќе, и да ја развиваме нашата држава. Патот на напредокот и остварувањето на дела за сите преставува приоритетот во нашата работа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните.
Да го следиме Свети Климент и да му служиме на народот на најдобар можен начин и до последниот атом од нашата сила.
Нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела !
Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Св. Климент Охридски !

Со почит,
 
М-р Никола Груевски
 
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
 Ваше Блаженство,
Дозволете ми во мое лично име и во името

Пронајдете не на следниве мрежи: