Честитка по повод празникот Богојавление Христово-Водици од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски

Честитка по повод празникот Богојавление Христово-Водици од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски до Поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанВаше Блаженство,
 
          Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник – Богојавление Водици.
 
          Славењето на Христовото крштевање како една од повеќето свети тајни на Христијанството е еден од најзначајните настани за духовното раѓање и опстојбата на човековото живеење во верата. Богојавление е настан кој просветлува и помага да ја сфатиме постојаната грижа на Бога за човекот. Со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето, се осветли и човековиот живот. Бог ни го покажа патот на покајанието и прочистувањето, патот до почист и успокоен живот. Да го следиме тој пат и со радост да го прославиме големиот празник. Поминатото зад нас и времето пред нас е преполно со предизвици, за чие надминување е потребна мудрост, единство, знаење и посветеност, вредности кои нашите граѓани ги поседуваат и ги споделуваат, и тоа нè охрабрува, нè прави сите нас посилни во остварувањето на зададените цели.
 
          Нека Бог ги просветли нашите семејства и нека ја умножи среќата и радоста.  Да се почитуваме и помагаме и да останеме луѓе кои времето кое им е дадено од Бога го исполнуваат со вистински вредности и со искрени и благословени  дела.
 
          Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!
         
          БОГ СЕ ЈАВИ!
         
          НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!Ваше Блаженство,
 
          Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ

Пронајдете не на следниве мрежи: