„ЧЕСТИТКИ“ ОД ИСЛАМСКА ДРЖАВА: Снемува место на едно од најголемите гробишта во светот!

На ирачките гробишта со 5 милиони мртви, полека снемува простор поради долготрајната војна со ИСИС, пишува Мирор.Цели 10 квадратни километри, големите гробишта Вади ал Салам во светиот град Наџафу, ги откриваат последиците од децениските војни низ кои помина Ирак.
Местото со назив „Долина на мирот“ има посебно значење за муслиманите шиити, бидејќи го окружува мавзолејот на нивниот прв имам, Али Ибн Аби Талиба.
Талиб бил роднина и зет на пророкот Мухамед, а од неговиот погреб гробиштата станале најголеми на светот.
-Од доаѓањето на ИСИС, што прегази третина од земјата во 2014 година, секојдневно во просек има околу 200 погреби, додека пред ИСИС ги немало повеќе од 80 дневно, вели Џихад Абу Сајаби, историчар за овие гробишта.
Сѐ помалку има земја за нови гробови, а цената за стандардна семејна парцела од 25 квадратни метри скокна на околу пет милиони ирачки динари (околу 3.800 евра).
Милиони гробови со различни облици се наоѓаат на ова место кое ги привлекува шиитите од целиот свет. Соседните Иранци се втори по бројност на погребани околу Талибовото светилиште со златна купола.
Цели 10 квадратни километри, големите гробишта Вади ал Салам во светиот град Наџафу, ги откриваат последиците од децениските војни низ кои помина И

Пронајдете не на следниве мрежи: