Четворица скопјани заработија кривични поради кражби

СВР Скопје во два одвоени случаи поднесе кривични пријави против четири лица, сите од Скопје. Во првиот случај кривично се пријавени Д.Д. (30) и М.А.(20) поради основи на сомнение дека извршиле две тешки кражби, стекнувајќи противправно 190.000 денари, а во вториот се пријавени С.С. (50) и Б.Р. (47) за украдени 5.000 денари.Според документираните сознанија, Д.Д. и М.А. двете тешки кражби ги извршиле на 22 април годинава меѓу 18 и 18:40 часот на улицата „Самоилова“, поточно на паркинг просторот кај Музејот на современа уметност. Во двата наврата М.А. на моторцикл чувал стража, а Д.Д. со физичка сила и погоден алат ги отворил вратите, прво на патничко моторно возило, а потоа на автобус, кои биле паркирани, по што одзеле предмети и пари.
Од патничкото возило одзеле женска чанта во која имало 100 евра, мобилен телефон „Ајфон 5“, две златни бурми, банкарски картички и лични документи, со што стекнале противправна имотна корист од 90.000 денари. Веднаш потоа во автобус со турски национални ознаки одзеле поголема количина брендирана облека, очила и обувки, дигитален фото апарат, три парчиња златен накит и повеќе полначи за мобилни телефони, со што се стекнале противправна имотна корист од околу 100.000 денари.
С.С. и Б.Р., пак, кои и претходно повеќе пати се кривично пријавувани за кражби на подрачјето на Скопје, последната кражба ја извршиле на 8 мај околу 11 часот во ТЦ „Веро Џамбо“ лоциран на булеварот „Св Кирил и Методиј“. Б.Р. најпрво намерно се втурнал во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, С.С. ја протнал раката во ташната што таа ја носела на рамо и украл паричник во кој имало пари, лични документи и банкова картичка со што стекнале противправна имотна корист од околу 5.000 денари.Според документираните сознанија, Д.Д. и М.А. двете тешки кражби ги извршиле на 22 април годинава меѓу 18 и 18:40 часот на улицата „Самоилова

Пронајдете не на следниве мрежи: