Чибишев: СДСМ кога го менаџираше буџетот, вработените земаа плата на рати

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, на која на дневен ред е ребалансoт на буџетот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,Андон Чибишев во својата реплика кон пратеникто Ковачевски истакна дека СДСМ постојано се обидува да престави слика дека недомаќински се трошат народните пари.-Кога ќе стане некој пратеник од Битола добивам желба да му реплицирам, а знаете ли зошто затоа што во Битола се случи една од најтрагичните и една од најцрните афери во поновата историја на Република Македонија, а тоа е аферата ТАТ. Вие зборувате овде од говорница за криминал па ТАТ ја затвори перспективата на две генерации млади луѓе од Битола затоа што вие ја менаџиравте таа афера и ваш беше министерот во тренерки и вие им ги собравте парите на луѓето кој што ги штеделе со години, нагласи Чибишев.
 Тој додаде дека кога СДСМ беше на власт и го менаџираше буџетот добар дел од вработените и институциите од 2002 до 2006 година не земаа плати, а неккој земаа на рати.
 -Во здравството платите во тој период ги земавме на рати една рата на 10-ти една на 20-ти во месецот.  Сега јас не се сеќавам да сме земале плата на рати ги зимаме на време, ги зимаме во неколку наврати покачени за значаен број на проценти. Еве за здравството неколку збора кажавте и рековте дека е катастрофала состојбата, меѓутоа оваа влада за прв пат после 1998 година ги покачи платите во здравствотот, потецнираше пратеникот Чибишев.
На крајот тој рече дека СДСМ не само што не ги зголемуваше платите во здравствто, туку во некои сегменти и ги намалуваше. -Кога ќе стане некој пратеник од Битола добивам желба да му реплицирам, а знаете ли зошто затоа што во Битола се случи една од најтрагичните и една

Пронајдете не на следниве мрежи: