Чибишев: Владата на СДСМ и Заев нема спроведено ниту една мерка за заштита на животната средина, воопшто не води грижа за загадувањето на воздухот

Во последните три ипол месеци владата на СДСМ и Зоран Заев покажаа како не треба да се управува една држава. Владата воопшто не води грижа за загадувањето на воздухот, затоа состојбата е алармантна и здравјето на илјадници граѓани е загрозено, истакна Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.-Владата на СДСМ и Заев нема спроведено ниту една мерка за заштита на животната средина во изминатите три ипол месеци од нивното владеење. Македонија се соочува со значајни проблеми во однос на здравјето на граѓаните заради загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина, а владата нема преземено ништо, посочува Чибишев.

Чибишев вели дека потребно е да се преземат итни акции и мерки, наместо секојдневно неаргументирано да се обвинува.
-Потребно е забрзување на процесот за гасификација на државата. Потребно е да се спроведат активните мерки кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, замена на печките на дрва со печки на пелети, министрите и функционери на СДСМ да го популаризираат возењето на велосипеди, помалку да се возат со службени автомобили и со тоа да дадат личен пример како се подобрува квалитетот на амбиенталниот воздух. Потребно е спроведување и на маерката која Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе, односно стимулација на купување на електрични автомобили и инсталирање на системи за возење на природен гас, додава Чибишев.
Според него потребно е итно делување, бидејќи во спротивно сметката ќе ја платат граѓаните со нарушување на нивното здравје.-Владата на СДСМ и Заев нема спроведено ниту една мерка за заштита на животната средина во изминатите три ипол месеци од нивното владеење. Македони

Пронајдете не на следниве мрежи: