петок, 13 ноември 2026
Најново

Чилиманов: Трагедијата наречена Трифун е дел од поголемата трагедија наречена ликвидирање на македонската елита по Втората Светска Војна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цвети Чилиманов се огласи на својот Фејсбук  профил по повод  навредите на Трифун Костовски.„Трагедијата наречена Трифун е дел од поголемата трагедија наречена ликвидирање на македонската елита по Втората Светска Војна. Самоизградените македонски земјопоседници, трговци и рани индустријалци, кои ги финансирале македонските преродбеници, учители и свештеници, биле брутално сосечени од страна на комунистите – со национализирањето на нивните имоти, со апсења и стрелања како потенцијални политички противници. На нивно место се вадени од нигде никаде партиски послушници на кои им се давало да раководат со државните производствени и трговски компании. Услов да се биде еден од нив е да има некаков компромат за тебе кај тајната полиција (финансиска или сексуална настраност, некоја тајна која може да ти го уништи животот доколку излезе во јавност). И така, место да имаме самостојна елита која зависи сама од себе и си ги гледа своите интереси, и која како и во сите други соседни држави би била основа за градење на самостојна држава која си ги гледа своите интереси, ние имаме компромитирана елита заснована на шверц и илегална приватизации преку политички врски и врз партиска послушност која, по потреба, се активира и ни се подметнува како божем најдоброто што овој народ го произвел.“, напиша чилиманов на својот Фејсбук профил.„Трагедијата наречена Трифун е дел од поголемата трагедија наречена ликвидирање на македонската елита по Втората Светска Војна. Самоизградени

Поврзани вести